
          
Компанијата ЛИО ГРУП ДОЕЕЛ Велес веќе 15 години се занимава со производство и дистрибуција на хигиенски прозиводи како што се: тоалет хартија, салвети, хартиени бришачи за раце и други хартиени производи. Во 2010 година компанијата ја прошири својата дејност со продажба на материјали за пакување и палетизирање и тоа:
      
- Стреч фолија (рачна и машинска)
      
- ПП траки за пакување
      
- Селотејп траки
          
Стреч фолијата првенствено се користи за пакување на палети, особено за производи кои се транспортираат. Основна функција на стреч фолијата е да ги заштити производите од нечистотија, влага, и други фактори кои може да допринесат за оштетување на производите при транспорт. Таа е многу јака, сигурна и економична. Стреч фолијата е растеглива, проѕирна, водоотпорна и е отпорна на разни надоврешни оштетувања.


          
Стреч фолијата е најкористена амбалажа за пакување на производи при транспорт. Нејзини основни карактеристики се големата растегливост, високиот степен на проѕирност, отпорноста на оштетување и нејзината економичност.